Во војната меѓу Израел и Хамас на секои 10 минути во просек се убива по едно дете, а по две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоци на агенцијата за палестински бегалци (УНРВА).
- Децата не смеат да бидат цел - се вели во објавата на ОН.
ОН вчера соопштија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас и предупреди дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.
Извор: МИА