Ако скокнете во океанот во Атлантик Сити, Њу Џерси, и започнете да пливате во права линија, каде мислите дека ќе завршите?
Одговорот е Јужна Америка, според нова мапа направена од картографот Енди Вудраф. Ако започнете да пливате сега, ќе завршите во Рио токму на време за летните Олимписки игри.
Вудраф создаде прекрасна серија на мапи кои покажуваат што се наоѓа преку океанот, од местото кадешто стоите на плажите низ целиот свет. Неговите мапи се инспирирани од една серија на мапи создадени од Ларис Карклис и Веији Саи.
Овие мапи покажуваат што се наоѓа источно или западно од вас ако стоите на било која плажа во светот. Како што покажуваат мапите, она што е источно од Атлантик Сити е Португалија. Како што истакнува Вудраф, кога стоите на плажа, ретко сте насочени директно на исток и запад. Поголемиот дел од времето сте насочени кон брегот и зјапате во водата.
Вудраф ја создаде серијата на мапи кои ги истакнуваат плажите низ целиот свет кои покажуваат одреден континент. Тој искористи податоци од средна скала за да го пресмета аголот на брегот во редовни интервали, а потоа повлече линија директно во морето за да види каде ќе заврши.
На оваа фотографија, линиите се нацртани од плажите во Австралија или Океанија, ако одите право и не свртите никаде.
Ако се прашувате зошто линиите на мапите изгледаат така, краткиот одговор е - бидејќи Земјата е тркалезна. Неговите линии следат кружен лак, кој изгледа искривен на рамни кратки.