X
 03.11.2017 Технологија

Тим Кук: Социјалните медиуми се користат за поделба и манипулација

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, нема високо мислење за социјалните медиуми и компаниите за маркетинг, од кои во моментов повеќето се вовлечени во контроверзија за руското мешање во претседателските избори во САД. Кук во интервју рекол дека големиот проблем не се огласувањата чиј таргет се групи и индивидуи, туку прекумерната употреба на социјалните медиуми како алатка за лажни информации и манипулација.

фото извор: Wccftech

Тој смета дека тие се користат за да ги поделат луѓето и да се манипулира со нив, да се презентираат лажни вести до луѓето за да се влијае врз нивното размислување.

Во минатите неколку месеци беше откриено дека огласувањето поврзано со Русија преовладува во пребарувањата на „Гугл“ и „Јутјуб“, како и на платформите „Фејсбук“ и „Твитер“. Огласите на овие мрежи достигнале многу повеќе корисници од порано, во некои случаи дури и 10 пати повеќе од вообичаено.

Кук истакнува дека сите компании не се исти, бидејќи сите имаат различни вредности, принципи и бизнис-модели. Тие бизнис-модели вклучуваат составување на количини на податоците од корисниците, што Кук го посочи како нешто за кое „Епл“ како компанија не е заинтересирана. „Епл“ не ја знае содржината на пораките, иако имаше реакции за нарушувањето на приватноста поради новата опција за препознавање на лицето за новиот модел на „ајфон“. Но, Кук истакна дека податоците за препознавање на лицето се складирани во телефонот и се кодирани, односно дека „Епл“ ги нема тие податоци, туку уредот на корисникот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија