X
 01.07.2022 Образование

Студенти по медицина на „Кембриџ“ вежбаат на холограмски пациенти

Студентите по медицина на „Кембриџ“ учат на сосема нов начин со помош на холограмски пациенти. Студентите од болницата „Аденбрук“, која е дел од фондацијата НХС на Универзитетот „Кембриџ“, вежбаат на холограмски пациенти со помош на систем за тренирање наречен „Холо сенариос“.

Технологијата ја развиваат фондацијата НХС, Универзитетот „Кембриџ“ и американската компанија „Гиг екс ар“. Студентите користат специјални очила и слушалки со чија помош гледаат холограмски пациенти и медицинска опрема.


Системот им овозможува на присутните да се гледаат додека вежбаат на холограм. Според креаторите, холограмите изгледаат како вистински пациенти или направи, а овие виртуелни симулации може да го намалат ризикот за грешка од страна на студентите додека вежбаат.

Во моментов, со помош на системот студентите може да научат како да дијагностицираат и да лекуваат респираторни состојби, како астма и пневмонија. Во развој се и вежби од областа на кардиологијата и неврологијата.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: NHS
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование