Универзитетот на Калифорнија во Дејвис им плаќа на студентите 75 долари за да не патуваат за време на пролетниот распуст. Деканот на универзитетот, Гери С. Меј, во текот на овој месец го најавил „грантот за седење дома“.
Во известувањето Меј пишува дека треба да се одбегнува патување што не е навистина потребно, а останувањето дома е добар начин да се придонесе за намалувањето на ширењето на Ковид-19.
Фото: Pixabay
Универзитетот нуди четири различни вида грантови што може да се потрошат во локални бизниси. За да добијат грант, студентите треба да бидат редовни студенти на универзитетот, да живеат во градот Дејвис, да останат во градот за време на пролетниот одмор и да се тестираат за Ковид-19 во текот на одморот. Пролетниот одмор на универзитетот трае од 22 до 24 март.
Фото: Pixabay
Универзитетот првично планирал да им понуди грантови на 750 студенти, но го зголемил бројот на 2.000 поради интересот на студентите.
Оваа студентска година на универзитетот студираат 40.032 студенти на разни нивоа. Околу половина од нив живеат во Дејвис, а 5.900 живеат на кампусот.
Автор: Мелиса Вајли
Извор:
insider.com