X
 08.10.2019 Живот

Најмизерните земји во светот: На кое место се наоѓа Македонија?

Некои луѓе веруваат дека среќата доаѓа однатре. Но, во светот на економијата среќата е поврзана со квантитативните фактори, како инфлацијата, стапките на заем, нивото на вработеност и растот на бруто-домашниот производ (БДП).

Институтот „Като“ направил Индекс на мизерија за 2019 година, рангирајќи 95 земји што известувале за овие податоци на конзистентна основа. Индексот користел четири клучни економски варијабли за да ги рангира и бодира земјите:

- Инфлација
- Стапка на заем
- Стапка на невработеност
- Раст на БДП по жител

За да се пресмета секој резултат на Индексот на мизерија, Институтот користел едноставна формула: БДП по раст на жител се одзема од сумата на невработеност, инфлација и стапка на заеми од банка.

Кои од овие фактори се водечки во некои од најмизерните земји во светот? Кои земји се рангираат најниско на листата и зошто?

1

Највисоки оцени на Индексот


Две држави од Латинска Америка, Венецуела и Аргентина, се наоѓаат на врвот и се најмизерните земји.

1. Венецуела

Четврта година по ред Венецуела се наоѓа на прво место како најмизерната земја во светот. Според Обединетите нации, четири милиони Венецуелци ја напуштиле земјата од почетокот на нејзината економска криза во 2014 година.

Превирањата во Венецуела дополнително се поттикнати со огромната хиперинфлација. Граѓаните се борат за да си ги овозможат основните потреби, како храна и лекови.

Не само што Венецуела има најмногу поени во Индексот, туку нејзиниот резултат бележи и драматично зголемување во текот на изминатата година, како што се забрзуваше кризата.

2. Аргентина

Аргентина е втора по ред најмизерна земја. Ова не изненадува со оглед на историјата на земјата со економските кризи.

Аргентинската монетарна криза во 2018 година предизвика сериозна девалвација на пезосот. Падот го принуди претседателот Маурисио Макри да побара заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Ова е 22 договор за заем помеѓу Аргентина и ММФ. Само шест земји имале повеќе обврски кон ММФ, вклучувајќи ги Колумбија (25) и Хаити (27).

Најниските оцени на Индексот

Двете земји со најниски оцени имаат една заедничка работа: исклучително ниска стапка на невработеност.

1. Зошто Тајланд е земја на насмевки?


Тајланд ја освои титулата најмалку мизерна земја во светот. Стапката на невработеност на земјата со години е ниска, а се движи помеѓу 0,4 отсто и 1,2 отсто од 2011 година. Ова е резултат на уникатните структурни фактори на земјата.

Инвестициите во јавната инфраструктура од тајландската влада продолжуваат да привлекуваат и странски и домашни инвестиции, зајакнувајќи го БДП на земјата заедно со туризмот и извозот.

2. Премиерот на Унгарија е заслужен за резултатот


Според индексот, Унгарија е втора најмалку мизерна земја во светот. Во 2010 година премиерот Виктор Орбан спровел програма за работа што ги пренасочила аргатските работи кон илјадници баратели на работа. Во истиот период кога траела програмата, националната стапка на невработеност паднала од 11,4 отсто на 3,8 отсто.

Орбан победи во контроверзниот четврти мандат во 2018 година, евентуално поради ветувањата за заштита на суверенитетот на земјата против Европската Унија. И покрај обвинувањата за популизам, па дури и авторитарните тенденции, премиерот и понатаму владее со Унгарија.

1
Фото: Printscreen


Македонија

Македонија се најде на 15. место на Индексот, со 26,4 поени, а факторот што најмногу придонесува за мизеријата е невработеноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот