Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 изнесува 32 999 денари.
Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Ова се дејностите со највисока плата:
Финансиски дејности и дејности на осигурување - 62.087 денари
Информации и комуникации - 56.196 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизаација - 54.321 денар
Рударство и вадење на камен - 41.662 денари
Стручни, научни и технички дејности - 41.307 денари
Други услужни дејности - 39.513 денари
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување - 39.504 денари
Дејности на здравствена и социјална заштита - 36.143 денари
Образование - 32.800 денари
Дејностите со најниска плата:
Преработувачка индустрија - 25.478 денари
Земјоделство, шумарство и рибарство - 24.675 денари
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна - 22.879 денари
Административни и помошни услужни дејности - 23.976
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА.