X
 01.08.2023 Наука

Женските вилини коњчиња глумат дека се мртви за да одбегнат парење

Богомолките се големи предатори кои им ги откинуваат главите на мажјаците за време на парењето, но во светот на вилините коњчиња мажјаците се агресивните при овој чин. Затоа женските вилини коњчиња се преправаат дека се мртви кога ќе забележат додворувач, откриле научниците.

Биологот Расим Келифа бил првиот истражувач кој го забележал ова необично однесување кај женските вилини коњчиња. Келифа гледал како машкиот додворувач ја следи женката, а таа одеднаш паѓа на земјата како мртва. Мажјакот бргу заминал, а кога Келифа се приближил до паднатото вилино коњче, тоа одлетало.

Келифа потоа разгледувал 31 случај во кои 27 женки се преправале дека се мртви кога виделе додворувач, а 21 од нив одбегнале парење. Меѓутоа, женките од овој вид ги одбегнуваат мажјаците откако веќе еднаш се пареле. Во барите кои се живеалишта на овие животни има значително повеќе мажјаци отколку женки.

Машките вилини коњчиња се обидуваат да се парат неколку пати во текот на нивниот живот, но тие воопшто не се грижат за јајцата, додека женката се грижи, што одзема добар дел од нејзината енергија. Покрај тоа, самиот чин на парење е непријатен поради специфичната анатомија на машките и женските индивидуи на овој вид. Нивните репродуктивни органи се наоѓаат на различни места, поради што, откако ќе започне актот, тие се заклучуваат, па парењето е болно.

Токму затоа женките, откако ќе снесат јајца, избегнуваат друго парење - едноставно одлучуваат дека тоа е премногу ризично и непотребно.


Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука