Фото: Flickr
Истражувачите на бубачки во Германија се збунети.
Новите податоци покажуваат дека вкупната популација на инсекти што летаат е намалена за неверојатни 75 отсто во изминатите 27 години, а никој не знае зошто.
Истражувањето спроведено од германските истражувачи ја мерело биомасата на инсектите што летаат - тежината на сите инсекти од ваков вид - во 63 заштитени места низ целата земја. Тие очекувале да пронајдат намалена популација, но овој екстремен пад е алармантен.
Најновиот Индекс за животни на планетата (што ги мери биолошката разновидност и трендовите на популацијата кај рибите, водоземците, влечугите, птиците и цицачите низ светот) сугерира дека изобилството на диви животни на Земјата се намали за 58 отсто помеѓу 1970 и 2012 година. Популацијата на пеперутките, пчелите и молците била опадната низ цела Европа.
Но оваа раширена смрт на инсектите ги изненади истражувачите. На врвот на летните горештини, кога вообичаено има повеќе бубачки отколку во пролет или во есен, падот бил уште поизразен, а бројот на бубачките бил намален за 7 отсто од просечното намалување во текот на 27-годишниот период.
Недостигот на инсектите е проблематичен затоа што влијае врз синџирот на исхрана. Мнозинство од растенијата се потпираат на инсекти за опрашување. Истражувачите не се сигурни што го предизвикува овој пад, меѓутоа, сметаат дека промените во времето и климатските промени не се валидни објаснувања. Ако ништо друго, зголемувањето на глобалните температури треба да ја зголеми популацијата на бубачките, тврдат авторите, бидејќи биомасата на
инсекти е „позитивно поврзана“ со температурата, според нивните модели.