X
 07.07.2018 Живот

Во Словенија граѓаните предлагаат закони преку апликација

Словенечката влада во изминатите четири години преку посебна апликација примила над 2.600 законски предлози поднесени од обични граѓани.

Од тој број, повеќе од 2.000 предлози се сериозно разгледани во надлежните министерства и служби, а позитивен исход добиле вкупно 22 граѓански законски иницијативи.

На иницијатива на граѓаните укинати се некои такси за купување возила за инвалиди, поедноставена е постапката за идентификација на сведоците на судовите и заострени се казните за оние што ја прекршуваат забраната за продажба на алкохол на малолетници и воведени се места за паркирање за трудници и мајки со мали деца.

Меѓу предлозите што пристигнале преку апликацијата имало и необични иницијативи, како идеи да им се забрани на јавните службеници да користат парфем на работното место или, пак, на млекарниците да им се забрани производството на индустрискиот кајмак.

Фото: B92

Иако биле разгледани, тие иницијативи не биле прифатени, па на словенечките јавни службеници што контактираат со странки и понатаму им е дозволено да користат парфеми, а млекарниците да произведуваат индустриски кајмак, чија забрана ја побараа помалите производители.

Во однос на правата на јавните службеници да користат парфем, владата на предлагачите им порача дека забраната би била тешко изводлива и непропорционална мерка, но дека постои можност граѓаните на кои тие мириси им пречат или се алергични да побараат од јавните служби да се обратат кај службениците што не користат јаки парфеми.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот