На кафе со пријателите отсега ќе можете да одите со нов моден додаток - првите органски очила за сонце направени од талог од кафе, дизајнирани од украинскиот бренд „OCHIS“.
Освен тоа, овие еколошки очила мирисаат на кафе.
Идејата за ваков уникатен тип на очила ја добил извршниот директор на компанијата „OCHIS“, Максим Хавриленко, кој претходно експериментирал со различни растенија како нане, магдонос и кардамон, за на крајот да открие дека идеален природен материјал е талогот од кафе.
Фото: Shutterstock
- Пред сè, кафето има црна боја, така што ја имате најчеста класична боја на очила за сонце која оди на сите комбинации на облека. Притоа, во светот се фрла многу талог од црно кафе што може да се искористи за производството - рече Хавриленко.
Еколошките очила се изработени од кафе и лен, а залепени се со природни растителни полимери, па се биоразградливи и по 10 години може да се користат како ѓубриво.
Стаклата не се биоразградливи, но можат целосно да се рециклираат.
- Целта е да ги промовираме
очилата во Украина и во светот, прво поради самата идеја за потреба од производство на еколошки производи, а и поради можноста за правилно отстранување на отпадот - објасни Максим.