Колку само се променила технологијата во изминатите години. Уредите кои тогаш сме сметале дека се напредни сега се навистина бавни и речиси неупотребливи. Персоналните компјутери се сѐ помали и нудат поголем број на опции за разлика од тие пред десетина години. Сега дури и луѓето ширум светот си имаат виртуелен асистент, како изумот на Apple – Сири.
Една деценија подоцна од сега и овие уреди ќе бидат скоро заборавени и нивното место ќе го заземат нови иновативни технолошки изданија.
Но, дали се сеќавате на сето она што се употребуваше пред речиси 20 години, за што тогаш служеше компјутерот?
1. Ве фаќаше дремка додека да дочекате Windows XP да стартува
2. Чекавте премногу долго одредено видео да се „наполни“ за да го гледате без прекини
3. Слушавте музика преку Winamp
4. Баравте кодови за видео игри
5. Режевте ЦД-а
6. А потоа смислувавте интересни начини за чкртање по ЦД-та
7. Користевте LimeWire за да симнете одредени материјали од Интернет и го вклучувавте пред да одите на училиште, за кога ќе се вратите материјалот да биде на вашиот компјутер
8. Почнавте да следите вести и информации почесто заради трагичните настани кои се случуваа во тоа време како нападот во САД на 11-ти септември.
9. Со нетрпение чекавте да си набавите iPod
10. Користевте Microsoft Word со Clippy the Paperclip кој ви досадуваше, но и ви помагаше