X
 16.03.2018 Наука

Пристигна иднината, кој сака да живее вечно?

altman

Милијардер од Силициумската долина платил 10.000 долари за да го убијат и да го зачуваат неговиот мозок засекогаш. Претприемачот Сем Алтман е еден од 25-те луѓе на листата на чекање на старт-ап компанијата „Нетком“, која тврди дека може да ја аплоадира содржината на мозокот на секоја личност и да ја зачува на компјутер.

Освен цената, што за еден милијардер веројатно не е проблем, овој 32-годишен претприемач ќе мора да умре во процес сличен како лекарски асистирана евтаназија - легална во пет американски држави.

Алтман је извршен директор на компанијата „И Комбинатор“, а со постапката сака да постигне бесмртност. Процесот за кој се пријавил вклучува балсамирање на мозокот за подоцна да може да се стимулира на компјутер.

Клиентот мора да биде жив кога ќе биде приклучен на машина што ќе ги вбризга балсамирачките хемикалии. Компанијата тврди дека методата е „100 отсто смртоносна“.

„Искуството на корисникот ќе биде идентично со она кај асистираните самоубиства во болницата“, објаснува ко-основачот Роберт Мекинтри.

На официјалната страница на компанијата пишува дека нивната мисија е да го зачуваат мозокот толку добро, што сите спомени ќе бидат недопрени: од поглавјето на вашата омилена книга, до чувството на студ во зима, вечерата со вашето семејство и пријатели.

Зошто тоа им  е важно? Затоа што веруваат дека овој век ќе биде изводливо да се дигитализираат информациите и да се користат за реконструкција на вашата свест. Буквално - нудат бесмртност за човечкиот мозок.

Потпомогнатото самоубиство е дозволено во мал број држави, а и таму мора да постојат предуслови - пациентот мора да боледува од смртоносна болест со прогноза од само шест месеци живот.

Адвокатите на компанијата се запознаени со законите и веруваат дека нивните услуги ќе бидат легални за такви случаи. Засега 25 луѓе се пријавиле за нивната постапка, а Алтман е еден од нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука