Нигериската полиција спаси 19 заробени трудни девојки и млади жени кои биле киднапирани, силувани и принудени да раѓаат бебиња, кои киднаперите потоа ги продавале.
Портпаролот на локалната полиција Бала Елкана рече дека жените и четири бебиња биле спасени на четири локации во областа на Лагос. Жртвите на таканаречените „фабрики за бебиња“ по потекло се од Источна Нигерија, а биле намамени во Лагос со ветувања дека ќе добијат работа.
Уапсени се две лица, а по првоосомничениот сè уште се трага.
Елкана соопшти дека бебињата се продавале за суми од 830 до 1.400 долари.
Извор: МИА