Тим од 12 експерти за избор на имиња, кој стои зад швајцарската компанија „Erfolgswelle“, има задача да смисли оригинално име за дете, единствено и без двојно значење на друг јазик.
Денес се чини дека стана практика да им се даваат што поуникатни имиња на децата. Џон, Џејмс и Ема во Америка се заменети со многу понеобични имиња.
(
Фото: Pixabay)
Актерката Гвинет Палтроу за своите деца ги избра имињата Епл и Мус, пејачката Бијонсе – Блу Ајви, Руми и Сер Картер, а Ким Кардашијан децата ги нарече Норт, Сејнт и Чикаго.
Но, ако ниедно од овие имиња не е доволно добро за родителите и ако сакаат нешто посебно, тогаш им се обраќаат на експертите од компанијата „
Erfolgswelle“, кои можат да им помогнат во изборот нудејќи им единствено име за бебето, а тоа чини од 21.000 до 30.000 долари.
„Изборот на имиња често прави тензија помеѓу партнерите, а тука ние навистина можеме да помогнеме“, рекол основачот на компанијата, Марк Хаусер.
Тој собрал 12 експерти и историчари чија задача е да ја проверат бескрајната база на податоци за да се осигурат дека името што го смислиле не е веќе искористено.
Тие ги земаат предвид културните одлики и националноста на родителите и мора да бидат сигурни дека името нема двојно значење или негативна конотација на 12 најпопуларни јазици.