Сите бремени жени, идни мајки во Финска во последните 78 години добиваат од државата "почетнички пакет" кој содржи производи за потребите на новороденчето. Тој пакет е сместен во картонска кутија, кој е дизајниран така што ќе може да функционира и како кревет. Оваа идеја само во последните години почна да се шири низ целиот свет.
Два претприемачи од Јужна Африка направија своја верзија, но во пластичната кутија, која служи како бања наместо како креветче. Покрај тоа, сега доктори од Харвард, Карима Лаџани, развиваат примена за финската кутија за бебиња во Јужна Азија, вклучувајќи мрежа за комарци, за заштита на бебињата од маларија, и хигиенски производи за испорака, за да се намали смртноста кај бебињата.
Во Велика Британија се спроведува пилот-проект во кралската болница “Шарлот и Челзи“, кутијата да биде дистрибуирана за вкупно 600 бебиња. Постојат голем број на слични проекти во САД, од кои повеќето се спроведуваат во Форт Ворт, Тексас, каде што стапката на смртност на новороденчињата е највисока и изнесува 7,1 на илјада, во споредба со американскиот просекот од 5,9. Во Викторија, Австралија и Алберта, Канада исто така се спроведоа слични пилот проекти од октомври 2015 година.
Финската Влада прва ја препозна свеста која се разбуди и во целиот свет, па така се одржуваа консултации во другите земји, вклучувајќи и презентација на проектот во амбасадите, пренесува Би Би Си.
Како сето тоа започна?
Оваа финска традиција започнала во 1938 година со цел да им овозможи на сите деца еднаков почеток на животот, но, исто така, со цел да се намали високата смртност на бебињата. Во тој период Финска била многу сиромашна, така што од 1000 доенчиња, не преживувале ниту 65.
На почетокот, програмата била наменета само за семејства со ниски приходи, но во 1949 година се проширила за сите бремени жени.
Во овој пакет за младите мајки имало:
-
Душек, прекривки за душек и креветски прекривач, ќебе, вреќа за спиење
- Зимски костум, капа, ракавици и чизми
- Костум за купатило и панталони со прерамки
- Чорапи и ракавици, плетена шапка
-
Детско боди, елечиња, шпикозни, костуми и хулахопки во унисекс бои и дезени
-
Крпа за бањање со качулка, ножици за сечење нокти, четка за коса, четка за заби, термометар, крема против осип на кожата и мала крпа за лице
-
Пелени за едноставна употреба и сет на платнени пелени
-
Сликовница и бебешки цуцли
-
Влошки за градници и кондоми
Мајките можат да изберат дали го сакаат овај пакет или еднократна парична помош во износ од 150 евра. Сепак, 95 проценти од мајките го избираат пакетот, поради квалитетот на овие производи и фактот дека апсолутно сите се потребни, така што секоја бремена жена треба да издвои време да ги купи, што му ја зголемува неговата вредност уште повеќе.
Што се добива во кутијата, ако не се сметаат производите за бебиња?
За идните мајки да го добијат овој пакет, ќе треба да посетат доктор во првите четири месеци од бременоста, со што Финска ги охрабрува бремените жени да ја следат својата бременост. Но, овој државен про-натален гест има и друга улога - ги поврзува генерациите на жени, кои со децении имаат слично добредојде за бебињата. Интересно е дека облеката за нијанса се разликува секоја година, па така мајките на бебињата родени во иста година имаат дома идентична облека за бебиња.
"Прекрасно и возбудливо е да се добие пакетот ... Мајка ми, пријателите и роднините одвај чекаа да видат какви работи ќе добијат и какви бои се избрани за оваа година", изјавила за ББС, Реија Клемети, 49-годишната мајка на шест деца. Нејзината 23-годишна ќерка Соиља, на сличен начин го искусила одењето во пошта и собирање на пакетот за своите деца.
Тита Вајринен (35 години) рекла дека се чувствува како некој да се грижи за неа, дури и во време кога во земјата настапи намалување на јавната потрошувачка.
"Јас неодамна прочитав една студија според која мајките во Финска се најсреќни во светот, а кутијата беше она на што прво помислив"- рече таа. Кога нејзиниот втор син се родил, таа одлучила да земе парична помош, затоа што сета облека што таа го добила за првото дете можела повторно да ја користи.
Па, како што велат во ТВ продажбата, тоа не е се! Кутијата има уште една важна функција, а тоа е: одмор за родителите.
"На родителите кои спијат со бебињата на ист кревет, им се препорачува да не го прават тоа", вели Пану Пулмо, професор за финска и нордиска историја на Универзитетот во Хелсинки. Токму креветската кутија им овозможува на родителите да се одвојат на привремен начин од своето бебе и така да му помогнат и на бебето и на себеси.
Иако првите пакети содржеле шишиња, тие беа отстранети во 2006 година, со цел поттикнување на доењето. Пулма вели дека тој план е остварен. Вклучувањето на сликовница за неа е исто така одличен потег, бидејќи уште од рана возраст децата се навикнуваат на книги. Но според неа најзначаен придонес на кутијата е што стана симбол на еднаквост и вредност за децата.