X
 01.11.2021 Живот

Најскапо е јадењето во рестораните во Осло, најевтино во Истанбул

Најскапо е да се јаде во скандинавските земји. Ова го потврдува ново истражување кое ги открива најскапите и најевтините европски градови за јадење во ресторан.

На врвот на листата со најскапи градови во Европа се Осло (Норвешка), Копенхаген (Данска) и Берген (Норвешка).

Од друга страна, најевтини градови во Европа за јадење во ресторан се Истанбул (Турција), Санкт Петербург (Русија) и Будимпешта (Унгарија).


Фото: Pixabay

Анализата била направена според цени на оброци во ресторани од различни видови и со различни цени на оброците.

Таа покажува дека за да јадете во просечен ресторан во Осло, треба да одвоите 66,68 евра за двајца, што е речиси 400 отсто повеќе од цената на просечниот оброк во Истанбул. Во Истанбул просечната цена за два оброка во ресторан изнесува 17,43 евра и е најниска од анализираните градови во Европа.

Просечната нето-плата во Норвешка изнесува 3.068 евра, во споредба со 346 евра во Турција.

Извор: Euronews
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот