X
 16.12.2015 Технологија

Забранети апликации за европските тинејџери под 16 години?

Европскиот парламент ќе гласа закон со кој би можел да се премести возраста на користење на социјални медиуми од 13 на 16 години.

 

снапчат


Ако Instagram претставува „живот“ за денешните тинејџери, тогаш новиот предолг во Европа може да претставува егзистенцијална криза за нив. Кога Европскиот парламент ќе ја гласа новата регулатива, сите тинејџери под 16 години би можеле да ги изгубат своите профили на социјалните платформи.

Со измената и дополнувањето на досегашниот закон, ќе се зголеми возраста за користење на социјалните медиуми како Facebook, WhatsApp, Instagram и Snapchat - и било кои други социјални медиумски платформи.

„Обработката на личните податоци на едно дете под 16 години ќе бидат легални и до степен до кој таква согласност се дава од носителот на родителска одговорност над детето“, вели предлогот.

Како што велат дигиталните закони во Америка и во Европската Унија, мора да имате најмалку 13 години за да користите социјални медиуми како Facebook; со ова наводно се штитат децата под 12 години и помали, од несоодветна содржина и податоци за следење.

 

Но децата може да користат социјални медиуми и сервиси за пораки ако нивните родители или старател се согласи на тоа - или ако едноставно лажат за нивната возрас. Бидејќи платформите како Instagram не бараат официјално потврдување како на пример информации од кредитна картичка, со тоа се остава простор тинејџерите да си дадат виртуелан возраст. Со зголемувањето на возраста за користење на социјални медиуми нема да се промени многу со оглед на тоа што тинејџерите пронаоѓаат начин како да го заобиколат ограничувањето.


Законот за заштита на лични податоци кој е вклучен во оваа калузула се појавува како резултат на европските регулатори кои вршат притисок врз технолошките комапнии. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија