X
 01.11.2022 Наука

Решена мистеријата за самовилските кругови во Намибија

Таканаречените самовилски кругови во Набимија се кружни делови од земја на кои не расте вегетација. Тие имаат дијаметар од 2 до 15 метри и често околу нив има трева.

До неодамна овие кругови беа мистерија. Научници од Универзитетот во Гетинген, Германија, конечно ја решија мистеријата. Истражувачите ги анализираа дождовите во повеќе делови од пустината и ја анализираа тревата што расте околу круговите. Освен тоа, тие поставија и сензори за мерење на влажноста на почвата во близина на круговите.

Резултатите покажаа дека тревата во внатрешноста на круговите почнува да умира по речиси 10 дена откако ќе падне дожд, а во поголемиот дел од централниот дел од круговите воопшто не расте трева.


Фото: Stephan Getzin/Georg-August-Universitat Gottingen

Според научниците, ситуацијата не може да се објасни со термити бидејќи во круговите нема материјал со кој се хранат овие инсекти. Меѓутоа, научниците откриле дека тревата околу круговите ја црпи водата од горната почва во круговите по врнежите, па затоа тревата умира во внатрешноста на круговите.

Заклучокот на научниците е дека самовилските кругови во Намибија се самоорганизиран вегетациски феномен.

Извор: Interesting engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука