Европската организација за нуклеарни истражувања, позната по кратенката ЦЕРН, повторно го состави првиот светски веб-пребарувач на светот, што значи дека можете да сурфате на интернет како повторно да сте во 90-тите, користејќи ја апликацијата „WorldWideWeb“.
Веројатно знаете дека „Web“ бил создаден во лабораторијата на ЦЕРН во 1989 година. Тим Бернерс-Ли во 1989 година напишал предлог за да се создаде голема хипертекстуална база на податоци со врски. До крајот на 1990 биле поставени сите клучни елементи што ги користиме и денес. Меѓу нив е и „НТТР“ протоколот, јазикот „HTML“, софтверот за сервери и првите веб-страници.
Фото: Alamy
На страниците се сурфало со апликацијата „WorldWideWeb“ која била веб-пребарувач и веб-уредувач истовремено. За да одбележат 30 години од тие историски денови, во ЦЕРН повторно ја создадоа и му ја нудат на цел свет во рамките на веб-пребарувачот што сега го користите.
Што треба да направите? Отворете ја
оваа страница и ќе откриете со што си имале работа Бернерс-Ли и неговите колеги во 1990 година. Имајте на ум дека во тоа време имало само неколку достапни веб-страници. Страниците не биле во боја и немало слики, ниту видеозаписи, ниту гифови и емотикони. Не постоела ниту лентата за адреси, па не очекувајте навигацијата да биде едноставна.
Но, не обесхрабрувајте се - не е толку тешко откако ќе откриете што треба да направите. Пуштете ја „WorldideWeb“, на левата страна изберете Document, кликнете на Open from full document reference, напишете URL на веб-дестинацијата што сакате да ја посетите во полето Reference и потоа кликнете Open.
ЦЕРН нуди и други
содржини што вреди да се посетат - на пример, историјата на технологијата, временската линија на развој, водич за користење на веб-пребарувач и увид во компјутерскиот код.