Првата миграција од Тајланд во Исланд пристигнала во 1979 година. Не се знае за тоа кој бил - и покрај нордиските статистичари - меѓутоа се чини дека била жена. Таа, заедно со уште неколку други Тајланѓани, биле претежно жени кои сретнале Исланѓани кои патувале во Југоисточна Азија. Со текот на времето, бројот се зголемил, така што денес приближно 1.000 од вкупно 20.000 имигранти во Исланд се од Тајланд.
Слично на ова, моделот на голема емиграција на нација од архипелагот Зелен ’Рт, група на острови во близина на западниот брег на Афррика, може да се чини случаен, со големи заедници во Португалија, Холандија, Луксембург, Италија и Масачусетс. Португалската врска не изненадува, со оглед на историските колонијални врски и јазикот кој и денес го поврзува народот, но Зелен ’Рт замина за Масачусетс откако огромни бродови од Њу Бедфорд застанале тука за материјали и членови на екипаж во 18 век. Денес, 300.000 Американци велат дека имаат потекло од Зелен ’Рт, а Масачусетс е дом на речиси 25.000 имигранти од прва генерација.
Истото се случило и кога народот од Зелен ’Рт започнал да работи на бродови во 60-те и 70-те, од кои многу останале во Ротердам, денес дом на повеќе од 14.000 имигранти во земјата. Исто така, пример е заедницата во Италија, која започнала кога неколку капуцин монаси работеле како мисионери и регрутирале млади жени како домашни помошнички - тие биле првите луѓе од Зелен ’Рт кои мигрирале во Рим и Неапол. „Станува збор за случајност каде започнал и како започнал протокот на миграција“, вели Јорген Карлинг, истражувачки професор на институтот за мировни истражувања во Осло. „Но, откако започнал, се активирале моќни механизми“, додава тој.
„Обично, колонијалната историја и јазикот ја формираат основата на миграциските патеки“, вели Никола Сандер од Центарот за истражување на населението од холандскиот универзитет во Гронинген. Но, дури и навидум случајните врски може да се претворат во постојани миграциски врски во процес кој социолозите го нарекуваат „кумулативни причинско-последични односи“ при што постојат поголеми шанси мигрантите да следат пат кој го чекореле нивните пријатели или роднини, отколку да создаваат нови патишта. Така на пример, Левистон, Мејн, единствениот американски град каде најголемата малцинска група е Сомалијци - околу 7.000, од вкупно 36.000 жители. Првиот сомалијски бегалец, Авил Биле, се преселил тука од Портланд во 2001 година. После него следеа други и ден по ден, недела по недела, бројката се зголемувала.
Слично на тоа, додека ограничена имиграција од Индија во Америка постоела со децении, приливот после законите за имиграција во 1960-те, бил диспропорционално концентриран во Њу Џерси. Зошто? Затоа што во тоа време, во Њу Џерси се наоѓало седиштето на „AT&T“ како и силна фармацевтска индустрија - и двете барале имигрантски инженери. Затоа, Њу Џерси денес има најголема концентрација на индиски Американци од било која друга држава.
Една од најизненадувачките миграциски поврзаности е Либан со Бразил, каде оклу 12 милиони луѓе, или 6% од населението на Бразил, се од либанско потекло. Легендата на либанско-бразилската заедница вели дека кога Дом Педро Втори, последниот император на Бразил, го посетил Либан во 1870-те, тој наговарал некои селани да бараат богатство во претрупаните поднебја на Латинска Америка, што довело до масовен егзодус.
Но, вистината е различна. Како што војната и економскиот колапс го распарчиле Левант кон крајот на 19 век,
мигрантите немале идеја каде да одат. Многу од нив биле одбиени од Америка врз основа на правни или здравствени причини, а многу од нив ја имале за цел Северна Америка, меѓутоа ја пропуштиле.