X
 23.12.2016 Технологија

Европската вселенска агенција сака да изгради база на Месечината

Замислете Меѓународна истражувачка станица на Месечината, каде астронаутите и космонаутите од насекаде низ светот ќе спроведуваат научни експерименти, ќе собираат средства, ќе изградат инфраструктури, ќе ја проучуваат нашата планета од далеку и подигнат нов радио телескоп за испитување на мистериите на древниот космос.

 

вселена


Токму ова е визијата на германскиот градежен инженер, Јан Вернер, кој е генерален директор на Европската вселенска агенција. Неговата визија милува да ја нарекува „Месечево село“.

Визијата

Месечевото село не е буквално село, туку визија за глобална соработка во вселената и е дел од големиот концепт на Вернер за „Space 4.0“.

Вернер, ја разложува историјата на истражувањето на вселената во четири периоди. Античката и класичната астрономија е ставена во „Space 1.0“, вселенската трка од Спутник до Аполо е дел од „Space 2.0“, а воспоставувањето на Меѓународната вселенска станица го дефинира периодот од „Space 3.0“. Како најголемата вселенска станица, која го држи рекордот на најдолго човечко населување, 16 години, Меѓународната вселенска станица е одличен пример а успешна, долгорочна и мирна меѓународна соработка како ниту една друга програма во историјата на човештвото.

„Space 4.0“ е продолжение на тој дух на глобална соработка, и го претставува влезот на приватните компании, академските институции и индивидуалните граѓани во истражувањето на просторот. Месечевото село, дел од „Space 4.0“ е светска заедница составена од луѓе кои го делат сонот да станат меѓупланетарни видови.

„Некој ме праша: „Кога ќе го реализираш и колку пари ти се потребни? Јас му реков дека веќе напредува како село на Земјата“, изјави Вернер пред Асоцијацијата за вселенска транспортација.

Остатокот од Европа се обедини позади идејата на Вернер, како и министрите за наука - сите ја поддржаа „Space 4.0“. За таа цел, Европската вселенска агенција го развива првиот „Lunar Lender“. Програмата беше одложена во 2012 година бидејќи Германија, која покрива 45% од трошоците, не можете да ги убеди останатите земји-членки да ги додадат дополнителните 55%. Обновениот интерес за истражување на Месечината со Германија на чело би можело да биде доволно за повторно започнување на програмата.

Во меѓувреме, Европската вселенска агенција инвестира во технологии кои ќе развија 3D методи за печатење. Истражувањето може да го отвори патот за изградба на алатки, па дури и живеалишта на Месечината. Британската архитектонска компанија „Foster+Partners“ отиде толку далеку што дизајнира синџир купола со клеточна структура.

И другите нации ги насочија погледите кон Месечината - И Индија и Јапонија развиваат лунарни ровери кои планираат да ги лансираат пред 2020 година. Кина има две мисии во план и план да слета на далечната страна на Месечината за прв пат, пред да помине деценијата. Вселенските агенции во Европа, Јапонија, Русија и Кина, сите предложиле мисии со кои ќе ги лансираат астронаутите на Месечината во претстојните децении.



А тука некаде е и приватната трка до Месечината. „Lunar XPRIZE“ на „Google“ нуди 30 милиони долари парична награда за приватни тимови кои можат да слетаат на Месечината, да прошетаат со леталото околу 500 метри и да донесат фотографии со висока резолуција и видео на Земјата до крајот на 2017 година.

Пет екипи лансираа договори кои се потврдени од „XPRIZE“. Израелскиот тим „SpaceIL“ резервира билет на „SpaceX Falcon 9“; американскиот тим „MoonEX-1“ ќе лета на ракетата „Rocket Lab“; меѓународниот тим „Syngery Moon“ планира да ја искористи ракетата „NEPTUNE 8“, изградена и лансирана од „Interorbital Systems“, лабораторија од Канада; а „Indus“ и „HAKUTO“ ќе го лансираат нивното прво лунарно летало на ракетата „Polar Satellite Launch Vehicle“.

Поголемиот дел од „Lunar XPRIZE“ леталата се ровери, меѓутоа „Indus“ на пример, планира лендер и два ровери, додека „SpaceIL“ и „Moon Express“ имаат вселенски бродови кои ќе лебдат над површината на Месечината откако ќе пристигнат.

Дали НАСА ќе го избере Марс или Месечината?

 

Секако, се'уште треба да се продискутира агенцијата која би можела да одигра најголема улога во креирањето на база на Месечината: НАСА. НАСА слета на Месечината 11 пати, вклучувајќи и 6 успешни Аполо мисии (другите земји кои слетале на Месечината се Русија/Советскиот Сојуз и Кина).

Како што моментално стојат работите, летовите на НАСА до Месечината имаат за цел да стигнат на друго место: Марс. Агенцијата планира да го искористи нејзиното ново вселенско летало „Orion“ за серија мисии на вселената помеѓу Земјата и Месечината. Овие мисии имаат за цел да го тестираат леталото, да проучат какви ефекти има долгорочното летање во вселената врз астронаутите, а крајната цел е лансирање на мисија на Марс. Елон Маск, па дури и претседателот Обама дадоа ѝ дадоа силна поддршка на НАСА за ова патување.

 

НАСА


Но, Доналд Трамп може да го промени сето тоа. Се'уште не е јасно како администрацијата на Трамп ќе ги пренасочи плановите на НАСА, но едно нешто е јасно - Трамп ќе го направи тоа.

Џек Брнс, професор по астрофизика и планетарна наука, на Универзитетот во Колорадо, беше додаден во тимот на почетокот на овој месец. Брнс е директор на Универзитетската лунарна мрежа за астрофизички истражувања, конзорциум на универзитети, истражувачки институции и центри на НАСА кои сакаат да изградат радио телескоп на Месечината.

Астрофизичарите долго време сакаат да ја проучат „Мрачното доба“ на вселената. Овој ран период на космичката временска рамка, кој траеше од 380.000 до 150 милиони години после Биг Бенг, се карактеризира со многу количини на водороден гас, кои се'уште не се соединиле во видливи ѕвезди. Универзумот значително се оладил во текот на ова време, а космичката радијација падна на -213°С. Астрономите веруваат дека првиот живот на универзумот се формирал во овој период.

 

3


Освен Брнс, и Герг Отри е додаден на тимот на НАСА на Трамп. Отри е застапник за програмите кои даваат приоритет на приватните вселенски компании, а го критикува Вселенскиот систем за лансирање, ракетата што НАСА планира да ја користи за да ги лансира астронаутите на Марс.

„Ќе мора да се прекине трошењето пари на Вселенскиот систем за летање, гигантска владина ракета, на која ѝ недостасуваат и иновација и мисија“, напиша тој во октомври.

Ако НАСА го сврти вниманието подалеку од Марс на природниот сателит на нашата земја, може да се најдеме себеси во средината на напорите агенциите повторно да слетаат на Месечината. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија