X
 01.12.2022 Наука

Метеорит криел минерали досега невидени на Земјата

Огромен метеорит кој бил откриен во Сомалија криел минерали кои досега не биле забележани на Земјата.

Метеоритот Ел Али, именуван според градот во чија близина бил пронајден, тежи околу 15 тони и е еден од најголемите метеорити што биле пронајдени досега. Научниците што го анализирале неговиот состав откриле дека крие два нови минерали кои претходно не биле видени на нашата планета.

Откритието го направиле истражувачи од Универзитетот во Алберта, Канада. Новите минерали се наречени елалит и елкинстантонит.

- Секогаш кога ќе најдете нов минерал, тоа значи дека геолошките услови, хемијата на каменот е различна од претходно - објаснил геологот Крис Херд од Универзитетот во Алберта.

Следниот чекор во анализата е да се види што може да откријат минералите за создавањето на метеоритот.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука