Додека Нил ДеГрас Тајсон бил гостин на еден настан во Бостон, едно шест годишно момче од публиката му го постави вечното прашање. Момчето Џексон од славниот физичар побара да му објасни која е смислата на животот, а одговорот на Нил ги воодушеви сите присутни.
„Мислам дека луѓето го поставуваат ова прашање под претпоставка дека смислата на животот можеш да ја побараш и потоа да кажеш: „Ја пронајдов, еве ја смислата“. Ова сценариот сепак, не ја исклучува можноста „смислата“ да е нешто што ти самиот го создаваш. Всушност, ние сами ја создаваме и за себеси и за другите.
Кога јас помислувам на смислата за животот, се прашувам себеси: „Дали деенс научив нешто што вчера не го знаев, што малку донесе поблиску до сето она што човек може да го знае за вселената?“ Ако имам ден во кој сум научил помалку од вчера, сметам дека ова е залудно потрошен ден. Така, децата на крајот на школската година велат: „Лето е! Повеќе не мораме да размислуваме!“ - ова навистина не можам да го разберам. Размислувањето го доближува човек до природата. Да научиш како работите функционираат ти дава моќ да влијаеш врз случувањата. Ти дава моќ да им помогнеш на луѓето на кои им е потребна помош - да си помогнеш себеси.
Кога ќе помислам на смислата на животот, ова не е вечно прашање кое е невозможно да се одговори. Мене ми е на дофат на раката скоро секој ден. И затоа тебе, момче од шест години, ти предлагам да ја истражуваш природата колку што можеш, а тоа значи дека од време на време ќе ја извалкаш облеката бидејќи ќе сакаш да скокаш во вирчињата со вода иако родителите не сакаат тоа да го правиш. Кажи им дека јас ти дозволив“.