X
 09.05.2016 Забава

Како би изгледале ликовите од класиците со модерна технологија во рака?

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале класичните литературни ликови ако имале пристап до модерната технологија?

 

зајак


Содржинскиот стратегист Мет Линдли се обидува да одговори на ова прашање преку неговите илустрации. Заедно со дизајнерката Јазмин Батисти создале серија на илустрации кои покажуваат како некои од нашите омилени ликови од класичните приказни би ја користеле денешната технологија.

„Постојано ни кажуваат како модерната технологија ни го олеснува животот и ни ги решава проблемите, такашто започнав да размислувам како модерната технологија би можела да се примени во проблемите во литературната историја. Ако Сем и Фродо би имале „Google maps“, тогаш тие би можеле да се поштедат себеси од маки и со леснотија би дошле до Мордор. Ако Белиот зајак би имал пристап до „Uber“, тогаш никогаш не би доцнел“, вели Мет.

Тој признава дека овие промени би ги направиле приказните подосадни, меѓутоа забавен е самиот начин за тоа како сето тоа би изгледало.

„Не сакавме да ги прикажеме ликовите само кои ќе бидат познати за литературните фанови, па затоа се фокусиравме на оние кои се широко познати во популарната култура“, завршува тој.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава