X
 02.01.2020 Живот

Како може да ве измами вашиот ум?

Проверете на кој начин вашиот ум може да ве измами и да ве изигра.

1. Би бил посреќен кога би работел помалку

Нашиот ум често пати доаѓа до овој заклучок - мислиме дека би биле посреќни кога не би работеле. Во нашите глави си замислуваме живот полн со задоволства и веднаш лажно почнуваме да претпоставуваме дека ова би нè направило посреќни. Како и да е, реалноста е дека безделничењето често пати е главната причина за здодевноста и депресијата.

2. Не е до мене, до нив е

Нашиот ум се обидува да нè натера да веруваме дека нашата несреќа е предизвикана од луѓето околу нас, нашите брачни партнери, роднини, браќа сестри. Без размислување почнуваме да се расфрламе со обвинувања. Секако, двајца се потребни за танго, а со самото тоа што ги обвинуваме другите се чувствуваме виновни. Мора да преземеме одговорност во нашиот живот и да направиме сè што можеме за да ја подобриме ситуацијата.

3. За да бидам среќен, морам да ја дознам тајната на среќата

Значи, помирете се - не постои тајна за среќата или успехот. Без разлика на тоа колку книги, автори и други форми ве убедуваат дека постои, нема никаква тајна или таен клуч за отворање на нашата среќа. Наместо тоа, можете да создадете визија за вашата совршена иднина.

4. Само доколку би имал...


Нашиот ум се обидува да нè увери дека би биле посреќни кога би ја имале вистинската работа, куќа, автомобил или нешто слично. Не постои ништо посилно од желбата за најдобрите работи. Меѓутоа, тоа не значи дека тие автоматски ќе нè направат среќни. Овие работи ќе ве усреќат некое време, а потоа среќата брзо ќе исчезне.

5. Не сакам да се променам


Доколку дозволите да се чувствувате на овој начин, создавате услови за поголем неуспех. Животот е патување со постојани промени. Некои од нив не можат да се контролираат, а некои можат. Промената е неопходна и неизбежна. Затоа, прифатете ја и движете се низ промените.

6. Доколку нешто не ми се случи, нема ни да го доживеам


Нашиот ум често пати паѓа во очај и фрустрација кога сме само на мало растојание од успехот. Упорноста е една од најважните вештини за постигнување на успехот. Никогаш не откажувајте се од оваа помисла.

7. Можам да ги избегнам работите што мразам да ги правам

Нормално, ова се однесува за комплексни задачи кога нашиот ум се обидува да нè убеди да се однесуваме на овој начин. За жал, ова не е нешто од кое ќе произлезе успех. Одложувањето и избегнувањето на важните работи во вашиот живот е една од најлошите варијанти. Време е да направите нешто со вашите цели во животот. Само така ќе бидете посреќни.

8. Светот е опасен и нешто ужасно може да ми се случи

Нашата интелигенција ни кажува дека постојат голем број работи што не се под наша контрола. На пример, природните катастрофи, криминалот и економската криза. Стравот е моќна емоција искористена од нашиот ум кога се обидува да преземе контрола над нашите акции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот