X
 02.02.2016 Култура

Зошто петлиците на машката облека се наоѓаат на десната страна?

На женските кошули петлиците се наоѓаат на левата страна, додека кај машките кошули се наоѓаат на десната страна. Разликите постојат и во пантолоните. За сето ова постои логично објаснување.

Кога станува збор за машките кошули, петлиците се наоѓаат на десната страна бидејќи во средниот век, мажите на левата страна го носеле мечот. За полесно да го извлечат, петлиците морале да бидат на десната страна за да не им пречи.

Женските кошули се појавиле нешто подоцна, а како што биле привилегиите на богатите дами кои биле облекувани од слугинките, петлиците биле шиени на левата страна за полесно да можат да ги запетлаат. Имено, слугинките стоеле пред нивната господарка додека ја облекувале, па поедноставно им било петлиците да ги отпетлаат ако се од левата страна.

Постои и теорија дека петлиците на кошулите на мажите и жените се наоѓаат на различни страни за да се покажат родовите разлики.

Многу веруваат дека петлиците на левата страна се симбол за потчинетоста на жената во однос на мажот. Женските кошули со петлици на левата страна започнале да се шијат помеѓу 1840 и 1850 година. До тогаш немало поглеми разлики.

Постојат уште неколку занимливости кога станува збор за петлиците. Во времето на Римјаните и Грците петлиците се правеле од животински коски, дрво, метал или рогови. На ловечките униформи и денес се наоѓаат вакви петлици.

Наполеон Бонапарта им наредил на своите кројачи да им сошијат петлици на ракавите на неговите војници за да не го бришеле носот со ракавот.

Луѓето од далечното минато биле толку многу воодушевени со петлиците што ги носеле на облеката без причина, како украс. Се смета дека така настанале брошевите.

Бакингамскиот војвода во 1620 се појавил во јавноста завиткан во наметка украсена со дијамантски петлици.

Јапонците своите традиционални палта ги запетлувале со бисери. Околу 1860 година ова било нешто што секоја гејша би требало да го има до себе.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура