Во секоја сезона на „Игра на троновите“ доаѓа до крај на одреден лик, понеочекуван и побрутален од последниот. Но, новото истражување има цел да дешифрира колкава е веројатноста одредени ликови да умрат во серијата.
Истражувањето снимило податоци за 330 лика, нивниот социјален статус и религиозни верувања, од секоја епизода досега, земајќи ги предвид околностите на нивната смрт.
Сите се сеќаваме на „Црвената венчавка“ и предвремената смрт на Џофри, но кои фактори влијаат врз смртта на еден лик?
- Ризикот од смрт е висок меѓу ликовите во „Игра на троновите“. До крајот на седмата сезона повеќе од половина од ликовите починале - 186 од 330 лика што ги вклучивме во ова истражување - со насилна смрт.
Фото: Youtube/Printscreen
Според истражувањето, промена на сојузништвото е голем фактор за преживување, а држењето кон сопствените верувања ги зголемува шансите за смрт. Жените и ликовите што имаат повисока позиција имаат поголема веројатност да останат живи отколку машките ликови и сиромашните ликови. Имајќи го ова предвид, иконската кралица на Вестерос, Серсеј Ланистер, би можела до крај да остане жива.
Мажите, Тирион Ланистер, Џон Сноу и Џејми Ланистер, имаат поголеми шанси за опстанок поради нивниот социјален статус и тенденции на промена на верностите и сојузништвата.
Неверојатно, еден од седум главни лика умрел во текот на првиот час од нивното претставување. Најбрзата смрт се случила во само 11 секунди. Просечниот лик живее само 29 часа, а само два смртни случаи биле од природни причини.
Но, ако нешто е сигурно во
Вестерос, тоа е да го очекувате неочекуваното. Бидејќи исходот ќе биде многу поразличен.