Во овие градови се наоѓаат грандиозни библиотеки, необични книжарници, домови на познатите писатели и кафулиња во кои биле создадени најпознатите дела што некогаш биле напишани.
Убавината на градовите може да се види во богатството на културата и историјата. Архитектурата, уметничките дела, спомениците, сето тоа останува зад одредени епохи и тоа е она што ги привлекува посетителите. Но, постојат и туристи што се вљубени во книжевноста и кои се воодушевуваат од библиотеките и книгите.
Таквите луѓе патуваат во градови кои имаат величенствени згради каде што со векови се чуваат книги или сакаат да чекорат по улиците по кои минувале нивните омилени писатели, или, пак, сакаат да го видат она што го прочитале.
Санкт Петербург
View this post on Instagram
Доброе утро, Петербург🧡⠀ Привет жители @INSTAPITERR 🤘⠀ ⠀ 📌Сегодня суббота, 14 сентября.⠀ ⠀ Пару утренних новостей, чтобы понимать что по чему после пятницы 13-го😄 ⠀ 📍«Трезвый закон» ударил по розничной торговле в Петербурге и Ленобласти⠀ «Принятый 31 мая этого года антиалкогольный закон, в соответствии с которым розничная продажа алкоголя запрещена, если магазин находится в одном здании с заведениями общепита и не имеет отдельного выхода, уже сейчас дает свои плоды, рассказывает Маяк. В частности, в Санкт-Петербурге уже закрылись несколько точек, в том числе "РосАл24" в Мурино и Новогорелово»⠀ 📍В Петербурге хотят снова возродить аквабусы⠀ «Называться он будет "Центральная линия". Стартовать аквабусы будут от Арсенальной набережной, проходить мимо Прачечного и Верхнего Лебяжьего мостов, остановится у Дворцового моста на причале Университетской набережной, а также рядом с Кронверкским и Троицким мостами. Новый вид транспорта появится в период с 2020 по 2022 год»⠀ 📍Из-за пожара на подстанции в Петербурге без света остались 60 домов⠀ «Из-за пожара на подстанции в Красногвардейском районе Петербурга более 60 домов оказались отключны от электричества. Об этом сообщает ГУ МЧС по городу»⠀ 📍Офицер ОМОН спас тонувшую женщину из канала Грибоедова⠀ «Она едва не утонула»⠀ 📍Экс-офицер ФСБ приговорен к четырем годам колонии за пытки⠀ «Суд назначил обвиняемому четыре года колонии и штраф в 700 тысяч рублей»⠀ 📍Размер материнского капитала в 2020 году вырастет⠀ «Несмотря на это, он будет меньше, чем депутаты планировали» ⠀ ⠀ ⠀ 📸отмечай @INSTAPITERR на фото(видео) постов и сторис; 📩присылай увиденное ЧП. ph: @viorel.kurnosov
A post shared by Питер | Санкт-Петербург | СПб (@instapiterr) on
Овој руски град бил дом на многу писатели, како Лев Толстој, Владимир Набоков, Михаил Лермонтов... А неговата историја и убавина биле мотивација за многу писатели и често тоа било место каде што биле напишани ремек-дела.
Во Санкт Петербург може да се видат местата опишани во познатиот роман „Злосторство и казна“ на Достоевски, вклучувајќи го и местото каде што Раскољников ковал план да ја убие Аљона Ивановна. Санкт Петербург се сметал за културен центар во царска Русија, па денес е неизбежна дестинација за сите љубители на книжевноста и уметноста.
Стокхолм
Престолнината на Шведска е уште еден европски град кој бил дом на многу писатели. Стиг Ларсон, познат по книгата „Девојката со тетоважа на змеј“ и цела трилогија „Милениум“ го нарекувал Стокхолм свој дом.
Во Градскиот музеј постои изложба посветена на книгите што писателите ги напишале инспирирани од овој град, но и дела на локалните автори. Љубителите на книгите не би требало да ја пропуштат Националната библиотека на Шведска бидејќи тука се наоѓа најголемиот средновековен ракопис, познат како озлогласената „Ѓаволска Библија“.
Мајнц
Овој град не бил инспирација за големи дела, а не бил ни многу интересен за писателите да живеат во него. Сепак, во овој град се случило нешто важно за книжевноста поради што многу луѓе го посетуваат. Во Мајнц живеел Јохан Гутенберг, значајна историска личност без која книжевноста не би била достапна за сите.
Тој ја измислил пресата за печатење, која го забрзала процесот на печатењето на книгите и значително ја немалила нивната цена. Музејот на Гутенберг ги претставува сите негови фантастични достигнувања. Во овој музеј се наоѓа и Библијата на Гутенберг, првата книга изработена со техниката на движечки букви.
Единбург
Главниот град на Шкотска има долга и богата книжевна традиција, а во него живееле писатели како Роберт Бернс, Ирвин Велш и Мјуриел Спарк. Единбург има голема концентрација на библиотеки, на 100.000 жители има над 60 библиотеки.
Покрај библиотеките, голем број љубители на книгата доаѓаат во овој град поради кафулето „Слон“. Тоа станало познато откако Џ.К.Ролинг ги напишала своите книги за најпознатиот волшебник Хари Потер.
Хеј-он-Вај
Станува збор за село што се наоѓа во Велс. Оние што имаат слушнато за ова место веќе се запознаени со интересните книжарници што се наоѓаат тука, а по кои селото станало познато во цел свет. Во селото има помалку од 2.000 жители, а и покрај тоа изобилува со многу уникатни книжарници и некои од нив се посветени само на одредени жанрови.
Најголемата атракција на ова место е книжарницата на отворено во близина на дворецот Хеј. Станува збор за доста необична книжарница бидејќи тука се наоѓаат книги на полиците што може да се разгледаат, а доколку некој сака да ги купи, треба да остави пари откако ќе го испие кафето, бидејќи нема продавач.
Лондон
Лондон бил дом на голем број големи писатели, а служел како инспирација и за многу дела од различни жанрови. Една од главните работи што треба да се видат е реконструираниот театар „Глоуб“ на Шекспир.
Буенос Аирес
Иако Буенос Аирес нема да ви падне на памет кога размислувате за книжевни дестинации, овој аргетински град мора да се најде на вашата листа поради една едноставна причина: престолнината на Аргентина има повеќе книжарници по глава на жител отколку кој било друг град во светот. Задолжително посетете го „Ел Атенео“ ако сте љубител на книгите. Ќе ве воодушеви стариот театар претворен во книжарница. Во Буенос Аирес се одржува и Саем на книгата кој привлекува познати писатели од целиот свет.
Њујорк
Низ историјата Њујорк поттикнал многу книжевни дела, а тоа продолжува да го прави и денес. Исто така, бил дом на исклучителни писатели како Артур Милер, Тенеси Вилијамс, Џек Керуак итн.
Големото јаболко било инспирација за писателите и тие во овој град пишувале брилијантни дела. Самиот град служел како инспирација за култните романи, како „Американски психо“, „Ловец во жито“ и „Појадок кај Тифани“. Освен што можете да ги посетите местата што ги инспирирале овие приказни, можете да посетите и многу њујоршки независни книжарници.
Даблин
Даблин е уште еден град во кој живееле некои од најголемите писатели во светот. Исто така, тука се наоѓаат и неколку важни книжевни локации што секој љубител на книгата би сакал да ги види. Не смеете да ја пропуштите посетата на библиотеката на колеџот „Тринити“.
Огромната библиотека е од 18 век и изгледа како место од бајките.
Бат
Една од главните причини за посета на шармантното гратче Бат во Англија, покрај познатите римски бањи, е фактот дека овде некогаш живеела Џејн Остин. Бат бил инспирација за нејзините романи „Под туѓо влијание“ и „Нортангерска опатија“.
Додека сте во Бат, мора да го посетите центарот
Џејн Остин каде што ќе се запознаете со нејзиниот живот и дело, но и со животот во Англија во 19 век. Секој септември градот е домаќин на фестивалот што го носи името на оваа прославена англиска писателка.