X
 02.02.2023 Наука

Небесни настани што нѐ очекуваат оваа година

Минатата година беше одлична за љубителите на астрономијата. Имаше помрачувања на Месечината и на Сонцето и други небесни настани во кои уживавме. Оваа година нè очекуваат други вакви настани, како метеорски дождови и комети.

Кометата Ц/2022 Е3

На почетокот од февруари кометата Ц/2022 Е3 ќе помине на околу 42.5 милиони километри од Земјата. Ова е најблиска оддалеченост до Земјата од времето кога хомо сапиенсот се населувал во Европа и Азија од Африка. Кометата треба да биде видлива со голо око. За северната хемисфера, таа беше повидлива на крајот од јануари, додека за оние на јужната хемисфера е видлива на почетокот на февруари. Кометата има зелена боја и долга опашка.

Средба на Венера и Јупитер

На 1 март Венера и Јупитер ќе бидат најблиску на небото досега. Средбата треба да биде видлива со голо око. Иако ќе изгледа дека се блиску, двете планети ќе бидат оддалечени милиони километри.

Метеорски дожд „Лириди“

Метеорскиот дожд „Лириди“ ќе биде најактивен на 22 април, а се очекува добра видливост поради поставеноста на Месечината. Гледачите може да очекуваат да видат десетици метеори во час.


Фото: Pixabay

Метеорски дожд „Ета Аквариди“

Овој метеорски дожд е препознатлив по брзите метеори што оставаат долги траги. Оваа година метеорскиот дожд ќе биде најактивен ноќта помеѓу 5 и 6 мај. Овие метеори најдобро се гледаат на јужната хемисфера.

Метеорски дожд „Персеиди“

Станува збор за еден од најдобрите метеорски дождови во годината. Тој се карактеризира со светли и чести метеори со долги опашки. Тој ќе биде најактивен на 11 и 12 август, но може да се забележи од јули до септември.

Супермесечина

На 31 август полната месечина ќе изгледа поголема и посветла од обично. Тогаш таа ќе биде најблиску до Земјата. Овој настан се нарекува Супермесечина. Во годината има четири Супермесечини, но оваа се смета и за Сина месечина бидејќи е втора полна месечина во истиот месец. Сините месечини се јавуваат на секои 2,5 години.

Метеорски дожд „Ориноиди“

Овој метеорски дожд не е толку активен како некои други што се очекуваат годинава, но вреди да се погледне. Овој метеорски дожд ќе биде најактивен на 22 октомври, кога ќе може да се видат 10-20 метеори на час.


Фото: Pixabay


Затемнување на Сонцето

На 14 октомври нè очекува годишно затемнување на Сонцето. Месечината нема целосно да го покрие Сонцето, но ќе помине пред него. Затемнувањето ќе трае најмногу 12 минути, во зависност од локацијата.

Метеорски дожд „Геминиди“

Овој метеорски дожд има брзи метеори. Поголемиот дел од метеорите ќе бидат видливи на 13 декември, кога ќе може да се видат над 100 метеори во час.

Извор: Smithsonian magazine
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука