X
 31.07.2017 Култура

Подгответе се за небесен спектакл во август!


Млечен Пат
(Фото: Pixsell)

Астрономите наведуваат дека ова ќе биде единствената можност да се доживее ваква спектакуларна глетка на најсјајниот метеорски дожд на небото, затоа што следниот со сличен интензитет ќе биде видлив дури по 96 години.

„Ноќта кога ѕвездите паѓаат“ е една од најочекуваните во годината, а овогодишниот небесен метеорски дожд се очекува да биде најсјајниот  досега.

Метеорскиот дожд Персеиди, според прогнозите на астрономите, оваа година својата кулминација ќе ја достигне на 12 август, кога ќе се осветли целото небо, а некои ќе бидат видливи и во текот на денот, стои на страницата physics-astronomy.com. Се наведува и дека ова ќе биде единствена можност да се доживее ваков природен спектакл затоа што следниот со сличен интензитет се очекува по 96 години.

Персеидите, еден од најсјајните метеорски дождови во годината, се случува во периодот меѓу 17 јули и 24 август секоја година, а вообичаено својата кулминација ја доживува меѓу 9 и 13 август.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура