На 2 октомври беше почетокот на светлиот метеорски дожд Ориноиди над Земјата. Метеорскиот дожд ќе остане видлив до 7 ноември, а ќе го достигне врвот околу 21 октомври.
Ориноидите го добиле своето име поради тоа што се наоѓаат во нивната најсветла точка со најмногу метеори видливи во правец на соѕвездието Орион ловецот.
Иако се чини дека Ориноидите доаѓаат од ова соѕвездие, тоа не е нивниот извор. Тие, всушност, се предизвикани кога Земјата минува низ остатоци од Халеевата комета.
Орионидите се еден од најспектакуларните метеорски дождови познати по својата осветленост и брзината на метеорите, вселенски отпад што влегува во атмосферата на Земјата со брзина од 66 километри во секунда според НАСА.
Брзите метеори оставаат блескави траги составени од материјалот што го фрлаат додека минуваат низ атмосферата, кои можат да траат од неколку секунди до неколку минути. Овие брзи метеори, исто така, често можат да станат огнени топки бидејќи испаруваат во атмосферата.
Метеорите се создаваат кога Халеевата комета се враќа во внатрешноста на Сончевиот Систем и фрла мраз и прашина. Земјата поминува низ оваа трага од прашина секоја година и честичките влегуваат во атмосферата распаѓајќи се и создавајќи природна светлина. Халеевата комета орбитира околу Сонцето приближно еднаш на секои 76 години, а нејзиниот последен видлив близок премин беше во 1986 година.
Метеорскиот дожд најдобро се гледа кога светлината од Месечината е минимална, што значи дека најдобро време да се види е кога светлата страна на Месечината е целосно свртена од Земјата.
Извор:
Space.com
Фото:
Wikipedia