Новата студија на „OurPBC“ открива кои популарни апликации најмногу ги оптоваруваат батериите на нашите мобилни телефони до тој степен што би можеле да им го скратат животниот век.
Студијата се засновала на претпоставката дека корисник на „ајфон“ или „Андроид“ им дал на апликациите пристап до сите можни дозволи што се бараат при првичната инсталација. Ова вклучува статус на телефонот, вај-фај конекција, складирање, камера, микрофон, локација, идентитет, контакти, СМС, информации за повици, календар и пристап до фотографии, медиуми и датотеки.
Најпопуларните апликации биле „Фитбит“ и „Инстаграм“, за кои било откриено дека трошат иста количина на батерија.
- Нашето истражување открива дека популарните апликации како „Фитбит“ и „Инстаграм“ потенцијално можат да трошат до 85 проценти од вашата батерија, дури и кога тие не се активни. Социјалните медиуми, фитнес-тракерите и апликациите за запознавање се рангираат меѓу оние што најмногу ги трошат батериите на паметните телефони - истакнал Хомер Жао, директор за продажба и маркетинг во „OurPCB“.
Другите најголеми потрошувачи на батерии биле апликацијата за автоматизација на задачи Таскер, Линкдин, Вацап и Фејсбук. Седум од првите дваесет апликации ги користат милиони корисници секој ден: Инстаграм, Линкдин, Вацап, Фејсбук, X (поранешен Твитер), Телеграм и Фејсбук месенџер.
Апликациите за запознавање: Тиндер, Хинџ и Гриндр, исто така, биле во првите 20 и се вели дека трошат приближно повеќе од 70 проценти од батеријата.
- Поефективно управување со дозволите за апликации може да го забави деградацијата на батеријата - советува Жао.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik