X
 23.02.2017 Култура

Папата Францис: „Мобилните телефони ја уништуваат нормалната комуникација меѓу луѓето“


Папата Францис зборува на микрофон

Папата Францис го предупреди човештвото дека пишувањето пораки на мобилните телефони за време на јадењето на маса е првиот чекор кон војна.

Во текот на својот говор на Универзитетот „Рома Тре“, 80-годишниот понтиф предупреди за смртта на конверзацијата лице во лице.

„Кога седиме на маса и за тоа време комуницираме со другите луѓе преку мобилен телефон, тоа значи почеток на војна, затоа што веќе нема дијалог“, истакна папата Францис.

Исто така, тој додаде дека сè почесто кај младите забележува недостаток на убави манири, и наведе пример дека радосниот поздрав „Добро утро“ е заменет со безличното „Чао, чао“.

Папата смета дека денес е вообичаено да се „навредуваат“ странците, пишува Дејли меил.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура