X
 02.04.2019 Живот

Компанија ќе ви плати кирија за 2 месеца додека ги посетувате седумте светски чуда

Секој сонува да си ги спакува алиштата и да отпатува без многу размислување, меѓутоа, многу препреки стојат на патот, на пример работата, парите или кој ќе ви плаќа кирија додека се шетате низ светот. Сега, „Контики“, социјална компанија за патување за 18 до 35-годишници, ќе се погрижи за барем еден од тие проблеми ако ја резервирате нејзината понуда за патување да ги видите сите седум светски чуда.

Ако го резервирате новото патување на „Контики“, оваа компанија ќе ви плаќа кирија во текот на вашето двомесечно патување.

- Идејата е едноставна - со отпочнувањето на новата турнеја „Јордан и Израел“, „Контики“ сега ги посетува сите седум светски чуда, секое на различно патување, во кои се вклучени Мачу Пикчу, Колосеумот и Големиот ѕид.


Оние од категоријата 18-35 години можат да ги резервираат сите седум патувања во период од два месеца. Како што пишува компанијата, станува збор за луди патувања низ светот со посета на најпознатите локации, а „Контики“ ќе ја покрие киријата на патниците додека тие се во странство.

Но, патувањето на „Контики“ почнува од 13.610 долари. Тука не се вклучени меѓународните летови, превозот, сместувањето или оброците помеѓу маршрутите.


За да го добијат договорот, патниците мора да обезбедат доказ дека се под кирија или доказ за месечни исплати.

Според „Контики“, 90 отсто од милениумците и генерацијата „Х“ ја навеле посетата на едно од светските чуда на нивната листа за 2019 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот