X
 31.08.2020 Живот

Колкави се платите на вработените во „Фејсбук“?

„Бизнис инсајдер“ направи пресметки за платите на вработените во „Фејсбук“ според нивните улоги. Биле искористени податоци од апликации за виза во кои технолошката компанија ги открива понудените плати.


Фото: Freepik

Основачот на „Фејсбук“ и извршен директор, Марк Закерберг, има нето-вредност од 107 милијарди долари, но добива плата од само 1 долар годишно. Сепак, тоа не е случај со другите вработени во компанијата. Според податоците од апликации за виза што биле искористени за анализата на „Бизнис инсајдер“, годишните плати на повеќе вработени во компанијата надминуваат 200.000 долари.


Фото: Freepik

Годишни плати на вработените во „Фејсбук“

Научник за податоци: 110.659 долари до 216.331 долар
Софтверски инженер: 110.000 долари до 280.000 долари 
Инженер за податоци: 110.000 долари до 195.424 долари
Истражувачки научник: 135.000 долари до 250.527 долари
Инженерски менаџер: 171.000 долари до 280.000 долари 
Менаџер за технички програми: 111.636 долари до 225.000 долари
Инженер за производство: 110.000 долари до 221.597 долари 
Директор за инженерство: 284.200 долари до 345.221 долари 
Главно лице за аналитика: 155.000 долари
Дизајнер на производи: 105.000 долари до 199.355 долари
фронт-енд инженер: 110.000 долари до 225.000 долари
Менаџер за производи: 110.000 долари до 240.000 долари
Инженер за безбедност: 115.000 долари до 215.000 долари
ASIC & FPGA инженер: 145.000 долари до 205.000 долари
Електроинженер: 125.000 долари до 205.000 долари 
Научник за оптика: 140.000 долари до 180.359 долари 
Хардверски инженер: 155.000 долари до 208.192 долари 
Инженер на мрежи: 78.499 долари до 180.000 долари  
Потпретседател за партнерства поврзани со аугментирана и виртуелна реалност: 425.000 долари 
Стратег за содржина: 115.000 долари до 180.000 долари 
Писател: 186.376 долари 
Менаџер на програми за правила: 150.000 долари 
Креативен специјалист за SMB: 112.172 долари 
Потпретседател за глобални работи и комуникации: 655.500 долари  
UX истражувач: 120.000 долари до 162.000 долари  
Менаџер за маркетинг на производи: 110.779 долари до 205.680 долари  
Менаџер за финансии: 145.000 долари до 180.000 долари 
Бизнис-партнер за човечки ресурси: 153.000 долари до 220.500 долари  
Бизнис-аналитичар: 130.000 долари до 201.676 долари  
Менаџер за настани: 143.343 долари
Аналитичар на безбедност: 145.089 долари 
Главен советник: 210.000 долари

Автор: Роб Прајс
Извор: businessinsider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот