X
 02.04.2020 Живот

Совети што ќе ви помогнат ако работите од дома

Многумина од вас веќе почнаа да работат од дома. Некој ќе рече дека работењето од дома е одлично затоа што не мора да се биде присутен на здодевни состаноци, не мора да се подготвуваме за на работа, не сме заглавени во сообраќаен метеж, но, сепак, работењето од дома носи предизвици со кои се соочува речиси секој.

И додека некои што со години работат од дома имаат развиено план за работење, луѓето за кои ова е новост се соочуваат со тешкотии и проблеми. Во продолжение ви нудиме совети како продуктивно да работите од дома, предложени од блогерката Лана Халовис, која со години работи од дома.

1. Туширање и облекување секој ден


Може да биде вистинско искушение да останете во пижами цел ден, но со текот на времето ќе се чувствувате лошо. Затоа, туширајте се и облекувајте се секое утро исто како да одите на работа. Облечете хеланки и друга поудобна облека, која е општествено прифатлива во случај да треба да излезете да купите нешто или некој да ви заѕвони на врата.

работа
Фото: Pixabay

2. Кафе

Сакам да го започнам работниот ден со шолја кафе. Ова го правам откако ги оставам децата на училиште, па не се чувствувам како домаќинка која постојано е дома. Се разбира, ако сте во самоизолација, тогаш не можете да одите во кафетерии, туку кафето ќе си го направите дома. Тоа нека биде ваша дневна рутина.

3. Држете се до почетокот и крајот на работното време


Кога работите од дома можете да ги развлекувате обврските и самите да го креирате распоредот, но треба да бидете дисциплинирани бидејќи ќе изгубите ред во работењето. Држете се до работното време што ќе си го зададете како почеток и крај на обврските.

4. Свеж воздух


Ако седите внатре и постојано гледате во компјутер, ќе се чувствувате како заробени во сопствениот дом. Направете пауза за ручек и јадете го сендвичот надвор, на воздух и сонце. Исто така, кога ќе завршите, можете да одите на прошетка за да се релаксирате и да се освежите.

5. Направете план

Работењето од дома не е одговорот на сите ваши проблеми. Куќата ќе биде уште понеуредна ако сите се дома. Ќе нема рутина, па затоа ви е потребен соодветен план. Тоа значи да има некој, на пример, баби и дедовци, да ги чува децата или, пак, поставување домашни правила во однос на поминувањето време пред екраните и завршување на домашните обврски. Треба, исто така, да им објасните на децата дека не треба да ве попречуваат додека работите или може да зборувате со надредените за промена на работните часови за да можете повеќе да работите навечер, ако во текот на денот имате повеќе обврски околу децата и куќата.

6. Вашето биро нека биде уредно


Ќе ве нервира нередот низ домот, но постои еден простор кој треба секогаш да ви биде чист и уреден, за ваше и за добро на вашиот разум. Тоа е бирото. Тргнете ги нечистите шолји од кафе, измијте ги, избришете ај прашината од компјутерот и средете го нередот. Тоа може да го правите во викенд.

7. Разговарајте со колегите


Иако немате директен контакт со луѓе и работите од дома, не значи дека треба да се намали комуникацијата. Формирајте групен разговор за да се поврзете со колегите. Благодарение на технологијата, самоизолацијата не мора да биде претешка. Комуницирајте, работете и внимателно со грицките. Кога работите од дома може да се опуштите во таа смисла, а тоа не е добро за здравјето.

Автор: Лана Халовис
Извор: Babyology.com.au
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот