X
 08.02.2017 Образование

Најголеми грешки кои ги прават дипломците на првите интервјуа за работа

Интервјуата се многу важен дел од почетокот на кариерата. Ако немате никакво искуство со нив, потребно е добро да се подготвите за одговарање на прашања на кои до тогаш можеби никогаш не сте размислувале.

Така, освен на начинот на облекување, можеби ќе треба да поработите и на начинот на зборување, на вокабуларот, но и на содржината што ќе се очекува од вас да ја зборувате. На интернет постојат многу страници на кои се дадени прашања кои е веројатно да ви бидат поставени. Нема што да изгубите ако се подготвувате со нив.

Кои грешки ги прават дипломците?

Не истражуваат: многу е важно да истражите во која компанија одите на интервју. Тоа е задолжително.

Претерувате со фалење: наместо да се фалите со вашите достигнувања кои се запишани во кратката биографија, изберете едно нешто што навистина вреди да се слушне и оставете впечаток.

Не прашувате прашања: Важно е да прашувате кратки прашања затоа покажувате дека сте заинтересирани, а и така ќе се почувствувате порелаксирани во разговорот.

Не воопшто заинтересирани за интервјуерот:
обидете се да му се допаднете, тој нема да вработи некој кој не му се допаѓа.

Измислувате одговори или лажете за достигнувањата: сосема е во ред да ви е потребно повеќе време да смислите одговор и да не кажувате нешто што од прва ви дошло на памет. Исто така вашите вистински достигнувања може лесно да бидат откриени.

Несоодветно се облекувате:
облеката може да направи да изгледате и паметни.

Дрдорите: одговарајте сигурно, кратко и јасно за да изгледате самоуверено.

Не можете да објасните зошто сте погодни за позицијата:
за секоја вештина што ја поседувате треба да имате причина зошто ве прави погодни за работата за која сте аплицирале.

Не треба да зборувате лошо за претходниот работодавач:
веројатно е ова прашање да ви биде поставено, но не треба да ја користите можноста за да се жалите.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование