X
 02.04.2020 Живот

Студентка направи заштитни маски за глувите и наглуви лица

Студентка од Универзитетот во источен Кентаки создала маски за глувите и наглувите луѓе.

- Кога видов дека луѓето почнаа да прават маски за другите, си помислив, а што е со глувите и наглувите лица? - објаснува 21-годишната Ешли Лоренс.

Таа студира подучување на глувите и наглувите лица, а поради вирусот, предава од дома.

- Чувствував дека огромна група од населението е запоставена. Сите паничиме, така што забораваме на многу луѓе. Затоа чувствував дека е многу важно, дури и во вакво време, луѓето да ја имаат таа комуникација. Почнавме да ги правиме од постелнина. Па така, три-четири комплети се направени од постелнина, а користевме и пластична ткаенина - вели таа.

Таа ја објасни потребата од пластичниот дел на маските.

1
Фото: Lex18

- За секој што користи читање од усни и знаковен јазик, ова е основен начин на комуникација. За знаковниот јазик важни се изразите на лицето и тие се дел од граматиката. Ако половина од лицето е покриено затоа што носите маска, тогаш лицето на кое му се обраќате ќе пропушти половина од она што го зборувате - вели таа.

За помалку од два дена Лоренс добила десетици нарачки од шест држави.

- Не наплаќам за нив затоа што знам дека им се потребни на луѓето. Затоа ги испраќаме бесплатно - вели таа.

Извор: Lex18.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот