X
 03.05.2016 Живот

Дали ова е совршеното женско лице?


Флоренс Колгејт има лице за кое голем број жени би одвоиле голема сума пари, лице за кое со векови размислувале и пишувале уметниците, а научниците се обидувале да дојдат до формулата за совршена убавина. Дали симетричните црти, крупните очи, полните усни и високите јаболчници се таа формула?

Девојка од еден приморски град во Велика Британија работела во рибен ресторан во 2012 година кога победила на натпревар во природна убавина. Натпреварот имал критериуми врз основа на математичките пропорции за убавина.

Како што се испоставило, нејзиното лице не било само природно убаво, туку и идеално одговарало на мерките кои научниците ја сметаат за формула за совршенство. Благодарејќи на тоа, Флоренс за само неколку дена излегла од потполната анонимност и станала планетарно популарна на интернет.



Научниците кои се занимаваат со феноменот за убавината дошле до заклучок дека идеалната оддалеченост меѓу зениците изнесува 46% од ширината на лицето, мерено од уво до уво. Кај Флоренс, таа бројка е 44%. Оддалеченоста меѓу очите и усните би требала да биде третина од должината на лицето. Кај Флоренс, таа изнесува 32,8%.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот