X
 05.07.2020 Здравје

Создадена нова маска што не го крие лицето и дава извонредна заштита

Бидејќи маските за лице стануваат важен дел од нашето секојдневие, луѓето почнаа да ги забележуваат ограничувањата. Некои се жалат дека маските им го отежнуваат дишењето, други дека е премногу топло со нив, а некои се нервираат што поради нив им се замаглуваат очилата.

Листата продолжува, иако е очигледно дека некои од овие проблеми се поголеми и поважни од другите. Компанијата „Редклиф медикал девајсес“ забележа еден од поголемите проблеми и одлучи да го реши со создавање нов производ.

Како што веројатно сте забележале, маската крие половина од лицето. Поради тоа, не можеме да ги видиме изразите на лицата на луѓето и со тоа се комплицира вербалната комуникација. Но, што е најважно, кога носат маска, глувите лица не можат да читаат од усните и за нив се тешки сите дневни интеракции. Компанијата „Редклиф медикал девајсес“ го зела сето ова предвид и создала маска што не го крие вашето лице, а истовремено нуди извонредна заштита.

1

- Маската „LEAF“ е маска на 2020 година. Станува збор за првата целосно транспарентна маска што ве штити од прашина, загадување, микроби и сè друго што не треба да биде во воздухот што го дишите - тврди тимот што ја изработи маската.

Маската има високоефикасен филтер што брзо филтрира 99,97 отсто од честичките, дури и оние од 0,3 микрони. Освен тоа, ги елиминира сите непријатни мириси од воздухот.

Филтрите што оваа маска ги има го олеснуваат дишењето двапати повеќе во споредба со обичните маски. Покрај тоа, тимот тврди дека маската има функција за самочистење.

maska

- УВ-Ц светлината ги уништува патогените на ниво на ДНК на секои 30 секунди или со притискање на копчето - вели тимот. А како дополнително ниво на заштита, вклучен е и филтер за јаглерод.

Освен тоа, тимот тврди дека маската е удобна за носење.

- Целата маска е создадена од силиконска структура. Ова ѝ овозможува да биде исклучително удобна за носење - велат од компанијата и додаваат дека маската вклучува и слој против замаглување.


Извор: Mymodernmet.com
Фотографии: LEAF
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје