Британската компанија за роботика „Инџинирд артс“ претставила нов хуманоиден робот кој може да направи морничаво реалистични човечки изрази на лицето. Роботот покажува израз на будење, шок и неверување во кратко видео објавено од компанијата.
Целта на развивањето на роботот е да им помогне на луѓето да го истражуваат односот помеѓу луѓето и роботот. Компанијата планира и да го продава и изнајмува роботот наречен Амека, но цената сè уште не е утврдена.
Роботот сè уште не може да се движи, но компанијата планира да го надгради во иднина за да може да биде подвижен.
Извор:
Futurism
Фото: YouTube (Printscreen)