X
 02.05.2017 Економија

Што би направил Бил Гејтс ако живее со два долари дневно?

Бил Гејтс е еден од луѓето кои никогаш не мора да се грижат дали ќе имаат пари. Но, иако неговото богатство се проценува на 87 милијарди долари, тој често помислува како би било кога би живеел во екстремна сиромаштија како речиси една милијара луѓе.

На својот блог тој во една прилика открил што би направил со 2 долара дневно:

„Ако живееш од два долара дневно, што би направил да ги подобриш условите за живот?
Тоа е вистинско прашање за речиси милијарда луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија. Нема еден правилен одговор, нормално, а сиромаштијата е различна на различни места. Но, преку својата работа со фондацијата, запознав многу луѓе кои одгледуваат кокошки и многу научив за поседувањето на овие птици. Јасно ми е дека на секој кој живее во сиромаштија му е подобро ако има кокошки.

Всушност, да сум на негово место, би го правел токму тоа – би одгледувал кокошки!“

Тој објаснил дека се исплатливи затоа што не се скапи за одржување, се добра работна инвестиција и го прехрануваат семејството.

Понатаму тој открива дека во период од три месеци, сопственик на осум до десет може да дојде до јато од 40 птици. Со продажба на една кокошка по цена од 5 долари може да се заработи и до 1000 долари годишно, а границата на екстремната сиромаштија е околу 700 долари на годишно ниво.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија