X
 02.03.2019 Технологија

Бил Гејтс издвои десет технологии што ќе го променат светот годинава

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, издвои десет технологии што би можеле да го променат светот оваа година. Станува збор за технологии кои се од голема важност за светот, но кои не ѝ се толку познати на јавноста како некои други со кои секојдневно се служиме.

Според мислењето на Гејтс, ова се тие десет технологии што би требало да ни ги подобрат животите во 2019 година:

  1. Подобрување на вештините на роботите, кои ќе можат сами да управуваат и да манипулираат со предмети кои не им се познати;
  2. „Нов бран“ нуклеарна енергија - дизајн на реактори на фузија и фусија, кој ќе овозможи намалување на емисијата на јаглероден диоксид;
  3.  Крвни тестови кои предупредуваат за предвремено раѓање на бебињата;
  4. Пилула или уред кој ќе може да се проголта и така да направи биопсија и преглед на дигестивниот тракт;
  5. Приспособување на вакцините против рак - ќе му помогнат на имунолошкиот систем во борбата против клетките на туморот;
  6. Месо од лабораторија како алтернатива за месото, што ќе ја намали емисијата на штетни гасови од прехранбената индустрија;
  7. Техника за апсорпција на јаглеродниот диоксид од воздухот и негово заклучување;
  8. ЕКГ-уреди на зглобовите - можност паметните часовници да ја следат работата на срцето и рано да предупредуваат на проблемите;
  9. Санитарија без канализација - веце-школки кои ќе помогнат во борбата против болести и лоши животни услови;
  10.  Гласовни асистенти базирани на вештачка интелигенција, кои природно ќе разговараат со луѓето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија