X
 16.05.2022 Живот

Бил Гејтс: Трагично е ако луѓето не се вакцинираат поради теории на заговор

Бил Гејтс изјави дека би било трагично ако теориите на заговор за него ги спречуваат луѓето да се вакцинираат. Тој говореше за шпекулациите дека става чипови за следење во луѓето преку вакцинирањето.

- Не знам зошто мислат дека ме интересираат локациите на луѓето, за тоа сѐ уште се смеам. Но, ако тоа ги одвраќа луѓето од вакцинирање, тогаш тоа е трагично - рече Гејтс.

Филантропот додаде дека теориите на заговор се забавни за кликање и дека луѓето може да паднат на едноставни објаснувања, како тврдењето дека вакцините се создадени за профит, наместо да ја разберат науката зад сложениот и брз инженеринг на вакцините за ковид-19.

Гејтс разјасни и дека тој на никаков начин не се обидува да има профит од вакцините.

- Дадовме милијарди за вакцините и спасивме милиони животи. Ако се обидувате да го извртите тоа и да кажете дека се обидуваме да профитираме од вакцините, а не да спасиме животи, тоа е популарна теорија на заговор - истакна тој.

Гејтс додаде и дека САД сѐ уште имаат помала стапка на целосно вакцинирани лица за разлика од многу други земји и дека треба да најдат начин да ги убедат луѓето кои сѐ уште се сомневаат во важноста на вакцинацијата.

Извор: Interesting Engineering
Фото: YouTube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот