Соосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, почина на 65 години од рак, соопшти неговата фамилија.
-Мојот брат беше исклучителен човек во секој поглед - истакна неговата сестра Џоди.
Пол Ален во 1975 година со Бил Гејтс ја основал „Мајкрософт“. Милијардерот е познат и по филантропските активности, особено во областа на здравството.
Ален одел во едно приватно училиште во Сиетл и таму уште како момче го запознал Бил Гејтс, кој бил речиси три години помал од него и имал иста страст и ентузијазам кон компјутерите.
Подоцна го убедил Гејтс да се испише од „Харвард“ за да ја основаат
компанијата.