Јапонскиот цар Нарухито го презеде престолот по абдикацијата на неговиот татко Акихито. Сопругата на Нарухито, царицата Масако, не беше во дворецот за време на церемонијата, во согласност со традицијата која забранува присуство на сопругата на царот.
Новите владетели на Јапонија привлекоа големо внимание, особено царицата.
Масако има 56 години и е поранешна дипломатка која се школувала на „Харвард“ и „Оксфорд“. Во 1993 година се омажила за Нарухито. Во 1999 година имала спонтан абортус, а во 2001 година ја родила ќерката Аико.
Без машки наследници во генерацијата по Нарухито, раѓањето на Аико беше повод за иницијатива за измени на царскиот закон, со што би се дозволило жена да го преземе тронот по смртта на таткото.
Меѓутоа, тие напори беа прекинати откако сопругата на помладиот брат на Нарухито роди син.
Пред 15 години Масако се повлече практично од сите јавни должности откако ѝ беше дијагностицирана состојба која од палатата ја нарекоа „растројство при приспособување“. Тогаш царот Нарухито изјави дека поради депресијата, таа не може да ги следи сите случувања и дека ѝ е потребно време.
Судејќи по најновите фотографии, новата царица на Јапонија ги надминала тие
проблеми.