X
 12.03.2019 Забава

Вака изгледа внатрешноста на јапонските возови

Возовите се превозно средство кое е најчесто користено во Јапонија, а туристите се импресионирани од нивниот изглед.

Од 51 најфреквентна станица во целиот свет дури 45 се наоѓаат во Јапонија, и тоа не нè изненадува со оглед на тоа дека во оваа земја технологијата постојано се развива.
 
Возовите имаат големо влијание врз животот на Јапонците, а тие се многу поразлични од другите возови во светот. Еден воз е особено популарен бидејќи на патниците им нуди неверојатна удобност и услуга во дури 6 различни категории. Ова се само некои од работите по кои тој се разликува од возовите во другите земји.

Станува збор за „Санрајс експрес“, воз во кој можете и да си преспиете. Се состои од два воза: „Санрајс Изумо“ и „Санрајс Сето“. Тие се споени на патот од Токио до Окајама, каде што се разделуваат и одат во различни насоки. На враќање, тие повторно се спојуваат во Окајама и одат кон Токио.

View this post on Instagram

今週も頑張りますよっと #sunriseexpress

A post shared by あじ (@ajitk55) on


Прва класа

Овој воз има 6 различни типа сместување. „Сингл делукс“ или А-класата изгледа многу удобно за едно лице. Има маса и столче, личен мијалник покрај креветот, светло и радио, а патникот добива и папучи, бањарка и тоалетен прибор. Имате чувство како да сте во мала подвижна хотелска соба.


Втора класа

Тука спаѓаат „Санрајс твин“, „Санрајс сингл“ и „Санрајс соло“. Наменети се за две лица и немаат полоши услови од А-класа.


Нобиноби

Ова е последниот дел за спиење. Тоа е простор за спиење на два ката, секој од патниците е одделен со преграда и просторот е многу удобен за спиење. Ова е одлична опција ако сакате да запознавате нови луѓе.


Шест минути за туширање

Во возот има тоалети, машини за продажба на пијалаци и слатки, простор за пушачи и за одмор. Туширањето е многу интересно. За да го користите тушот, мора да платите, а водата по 6 минути се гаси, па мора да доплатите ако сакате да продолжите со туширањето. По употребувањето на туш-кабината мора да притиснете копче со кое се вклучува автоматското чистење.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава