X
 05.08.2018 Економија

Слободно понеделничко претпладне за работниците да можат да им се посветат на фамилиите

Јапонската влада ги замоли компаниите и работодавачите на своите вработени да им даваат слободно утро секој понеделник за да поработат на балансот меѓу приватниот и деловниот живот. Веќе е добро познато дека јапонските работници работат премногу и премалку се посветуваат на личниот живот.

„Сјајните понеделници“, како што се вика идејата, би требало да ги намали очекувањата од јапонските работници, но сѐ што досега беше испробано, како скратено работно време во петок, доживеа неуспех.

„Сјајните понеделници“ се надоврзуваат на „премиум петоците“, кога вработените добиваат можност да го скратат работното време за еден час за да минат повеќе време со фамилијата, во најдобар случај пазарувајќи и потполнувајќи ја државната каса.

Според најновата идеја, вработените би можеле да спијат подолго во првиот понеделник од месецот и да одат на работа дури попладне, а сѐ беше тестирано од страна на едно министерство. Третина од вработените би можеле да одат на работа по ручек, а властите нагласија дека изостанувањето на неколку илјади вработени не влијаело негативно на работата на целото министерство.

Фото: Wikipedia

Сепак, останува да се види колку компании ќе го направат овој чекор. Една година по воведувањето на „премиум петокот“, истражувањето покажа дека само 11,2 отсто од работниците си заминувале од работа порано, а компаниите се пожалија дека на крајот од месецот имаат премногу работа и дека не е можно туку-така да ги пуштаат работниците порано од работа.

Јапонија мораше да се соочи со последиците од културата на интензивна работа откако 24-годишниот Матсури Такахаши се самоуби бидејќи три месеци претходно работел повеќе од 100 часа прекувремено. Јапонија е единствената земја која има назив за смрт од премногу работа - кароши. Јапонската култура на работа е сосема различна од нашата - вработените речиси секој ден работат прекувремено, земаат само минимален годишен одмор и општо се многу поврзани за компанијата во која работат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија