X
 16.09.2016 Живот

Нов рекорд: Јапонија со над 65.000 стогодишници

32.000 Јапонци годинава го прославија 100-от роденден. Ама, економијата не може да се носи со тоа.

Јапонка го слави 116-от роденден

Нови податоци од јапонското Министерство за здравство, труд и социјална политика откриваат дека Јапонија го срушила сопствениот рекорд за најголем број стогодишници меѓу населението, 46-та година по ред.

Значи, ниту една земја во светот нема поголем процент на луѓе кои го имаат доживеано својот 100-ти роденден, согласно бројот на популацијата.

Ова, колку и да звучи позитивно, станува терет за националната економија. До 2060-та, процентот на луѓе постари од 65 години може да изнесува 40%. Генерациите пак што треба да ги наследат старите, не се баш расположени за репродукција.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот